13.8 C
Скопје
02:24 - 23 октомври, 2026

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

По долго отсуство од естрадата, еден од најмоќните вокали на македонската музика, Искра Трпева, повторно се појави во јавноста.

Повод за нејзиното ретко појавување во јавноста беше свеченото отворање на Меѓународната педијатриска конференција, каде настапи пред еминентни стручњаци.

Трпева, која со години е целосно посветена на педагошката работа како професорка по соло пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, овојпат направи исклучок. Облечена во елегантна црна тоалета, таа запеа и ѝ се врати на старата љубов, настапите во живо.

„Одговорноста и честа е огромна“, кратко искоментира Искра, нагласувајќи ја важноста на собирот кој ги обедини педијатрите од регионот и светот под организација на д-р Аспазија Софијанова.

Фото/Инстаграм

Инаку, две големи тажни случки го одбележаа животот на пејачката Искра Трпева-Арсовска. Таа и сопругот Благоја го загубија синот само четири дена откако се роди. А Искра, за жал, 2021 година ја испрати со тажна случка, откако почина татко ѝ.

 

Таткото на Искра, Ванчо Трпевски, беше познат спортски работник. Непроценлив е придонесот на Ванчо Трпевски во Вардар, тренер кој го посвети целиот живот на црвено-црните.
Таа и сопругот Благоја денес се среќни родители на Ангела која има 14 години и изучува музика.

 

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....