14:15 - 26 август, 2026

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Утре, 22 март, се слави Младенци, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера.

Во нивна близина имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од христијанската вера може да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можел да издржи во водата што смрзнувала. Тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Сите овие маченици биле млади момчиња, па затоа нашиот народ тој ден го прифатил како празник на кој младите сопружници (младенци) во својот дом примаат гости, а тие им носат подароци и на тој начин им помагаат на почетокот од нивниот брак и заедничкиот живот.

Овој празник го слават брачните парови во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

Во минатото во Македонија со празникот Свети четириесет маченици биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамноденица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Младенци секогаш паѓаат за време на постот, па храната што се приготвува на тој ден мора да биде во согласност со тоа – поради верата, здравјето и напредокот на младиот брачен пар и децата. Според верувањата на овој ден се јаде мед, варени коприви и зеленило за да ја прочистат крвта. Вообичаено е да им се донесе подарок на младенците.

Слични објави

Марија Микиќ отворено за новиот партнер и можноста повторно да заплови во брачните води

Е.А.

(Фото) Ништо поубаво од родното место – Гога Секулиќ го однесе својот син во нејзиното село

Еспресо

(Фото) Татјана Стојановска блесна со нов изглед, сопругот Михаил со воодушевување ѝ коментираше

Еспресо

Ретка снимка од Тоше Проески и 13-годишниот Боби Андонов на концерт во Мелбурн

Еспресо

Тони Зен со емотивна приказна за Слаткаристика: „Можеби не сме си кажале доволно пати те сакам, брату“

Еспресо

(ВИДЕО) Дунав откри мрачна тајна — германски мотоцикл и посмртни останки од Втората светска војна

Е.А.
Се вчитува....