23.8 C
Скопје
15:08 - 19 октомври, 2026

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

На први април многумина се трудат да бидат шегобијци, а на некои тоа им успева.

Светскиот ден на шегата се одбележува во Европа од почетокот на 19 век, но постојат многу различни теории и објаснувања за тоа како настанал.

Според некои толкувања, овој празник потекнува од Стариот Рим и библиската традиција, додека други сметаат дека се појавил во средновековна Европа.

Со развојот на радиото и телевизијата во 20 век, во првоаприлското шегување се вклучија и медиумите, измамувајќи ја публиката ширум светот, при што Би-би-си имаше особено значајна улога.

Ова се пет примери на медиумски измами:

1957 – Би-би-си и бербата на шпагети во Швајцарија

Реномираната информативна емисија „Панорама“ на Би-би-си во 1957 година објави една од најпознатите првоаприлски шеги.

Во телевизиски прилог беше прикажано дека, благодарение на многу блага зима и отстранувањето на опасните „шпагети-инсекти“ (Weevil), швајцарските фармери уживаат во голем род на шпагети.

Гледачите имаа можност да видат како шпагетите се берат од дрвја.

Огромен број луѓе ба измамени, а печатот со денови пишуваше за тоа.

Дури и генералниот директор на Би-би-си ѝ признал на сопругата дека „не знаел дека така се одгледуваат шпагети“, па дури посегнал и по енциклопедија, раскажал Мајкл Пикок, еден од уредниците што ја одобрил шегата.

1962 – Шведска и хулахопки за телевизија во боја

Шведската телевизија СВТ (Sveriges Television) во вестите угостила технички експерт, Кјел Стенсон, кој објавил дека, благодарение на нова технологија, гледачите можат да добијат телевизија во боја.

Во тоа време СВТ бил единствениот ТВ-канал во Шведска и емитувал црно-бела слика, па ова звучело како голема вест.

Стенсон објаснил дека гледачите треба само да стават хулахопка преку екранот, а мрежата ќе предизвика прекршување на светлината и ќе ѝ даде боја на сликата.

Илјадници луѓе го испробале ова дома.

Многу Швеѓани и денес се сеќаваат како нивните татковци трчале низ куќата барајќи хулахопки за да ги стават врз телевизорот, пренесува Музејот на шегата во Сан Диего.

1976 – Кој може подолго да лебди

Познатиот астроном Патрик Мур се појавил на 1 април 1976 година на Би-би-си Радио 2 и најавил дека тоа утро во 9:47 луѓето ќе имаат можност да почувствуваат нешто што тој го нарекол „гравитациски ефект на Јупитер и Плутон“.

Тој рекол дека во тој точен момент планетите ќе се порамнат, што малку ќе ја ослаби гравитацијата на Земјата, „па ако скокнете во вистинскиот момент, речиси ќе лебдите“.

Тоа утро Би-би-си добила стотици телефонски повици од луѓе кои, наводно, биле сведоци на овој феномен.

Меѓу нив имало и жена која тврдела дека таа и уште 11 нејзини пријатели се издигнале од столчињата и лесно кружеле низ собата, пишува „Гардијан“.

1998 – Хамбургери за левораки

На листата на Музејот на шегата се најде и една реклама.

Синџирот за брза храна „Бургер Кинг“ во 1998 година објавил оглас во весникот „Ју-Ес-Еј Тудеј“ дека во понудата има и хамбургер за левораки, специјално осмислен за 32 милиони Американци кои ја користат левата рака.

Подоцна соопштиле дека добиле илјадници нарачки.

2008 – Летечки пингвини на Антарктикот

Една од поновите, светски познати првоаприлски шеги на Би-би-си беше направена во рамки на документарната серија „Чудата на еволуцијата“.

Наводно биле снимени летечки пингвини.

Водителот Тери Џонс, познат член на групата „Монти Пајтон“, беше прикажан како шета со пингвини на Антарктикот, а потоа го следи нивниот лет до амазонската прашума, каде што пингвините „ја минуваат зимата сончајќи се на тропското сонце“.

Видеото стана вирално на интернет, а во видеото можете да видите како настанала оваа шега.

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....