16:49 - 8 ноември, 2026

Изборот на БОЈА НА КАРМИН за вас зборува повеќе отколку што претпоставувате

Нашиот надворешен изглед, во кој спаѓаат изборот на облека, фризурата, носењето шминка или не, бојата на косата и слични параметри, многу често зборува и за тоа какви сме однатре.

Многумина од нас можат да потврдат дека кога избираат нешто што не е типично за нив, може да им го уништи целиот ден. Тоа може да биде некое ново парче облека или променет начин на шминка.

Многу девојки и жени често се прашуваат која нијанса на кармин да ја одберат? Дали да одат на сигурно или да експериментираат со модерните бои и тонови? Одговорот на ова прашање е дека треба да го изберат она што најмногу им се допаѓа и што е типично и лично за нив.

Прочитајте што изборот на боја и нијанса на кармин зборува за вас:

Црвена

За секоја жена има нијанса на црвен кармин, само треба да ја пронајде вистинската. Изразено црвениот кармин се поврзува со сексуална конотација и е симбол на сексуалност и енергичност.

Темно црвен или виолетов

Ако избирате ваква нијанса, вие сте перфекционист со цврст карактер, кој никогаш не презема чекор без претходно добро да го смисли.

Розова

Светлите розови нијанси асоцираат на наивност и невиност, додека пак поинтензивните оддаваат впечаток на смела жена која знае каде цели.

Корална нијанса

Многу забавни и ентузијастични личности, кои се навикнати повеќе да добиваат дури и со најмалку вложување.

Боја на кожа (nude)

Тие се сериозни личности, кои даваат важност на секој настан од нивниот живот. Се трудат максимално да ја искористат секоја прилика.

Портокалова

Портокаловиот кармин е симбол на смели и весели и добро расположени жени.

Доколку немате една конкретна омилена нијанса, следете ги своите избори. Ќе забелжите дека често ја нанесувате бојата која е во склад со вашето моментално расположение.

Нанесете МАТ КАРМИН без ризик за сушење на усните и нивно пукање

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....