27.8 C
Скопје
14:49 - 31 мај, 2026

Разгорете ја повторно СТРАСТА помеѓу вас и партнерот со помош на овие 4 видови на ПРЕДИГРА

Без разлика дали барате идеи за да ги зачините нештата во креветот или пак, само сакате да пробате нешто ново, следен пат фокусирајте се на предиграта и брзо ќе забележите дека нештата стануваат многу позабавни од претходно.

Одложувањето на самиот сексуален акт ќе направи да копнеете еден за друг и крајните резултати ќе вредат за чекањето!

Обидете се со овие 4 видови предигра за да ги достигнете најжешките моменти меѓу вас двајца!

1. Носете секси долна облека

Следен пат кога ќе се договорите да одите на вечера во ресторан, облечете нешто секси под вашата вообичаена облека. Не му кажувајте ништо на партнерот сè додека не сте во автомобилот, на неколку минути од ресторанот. Тогаш дискретно покажете му што го очекува кога ќе се вратите дома и натерајте го да чека цела вечер за да го види и останатиот дел.

2. Направете игра

Почнете да се бакнувате и да се соблекувате еден со друг, но не дозволувајте си да скокнете веднаш на главниот акт. Обидете се да се мотивирате да издржите што е можно повеќе пред да се предадете и смислете казна за губитникот, односно за оној што прв ќе попушти.

3. Заедно избањајте се по работата

Опуштете се по долгиот ден со пенлива купка или жежок туш заедно со вашиот партнер. На овој начин заеднички ќе ги измиете и сите оние стресови и тензии што се „залепиле“ за вас во текот на денот и ќе можете подобро да уживате во вашето присуство. Додајте свеќи околу кадата за романтична атмосфера или пуштете музика додека се бакнувате под тушот. На спалната соба може да ве чекаат чоколади со кои ќе се засладите по бањата, за дополнително да го одложите сексуалниот чин.

4. Заврзете ги очите на вашиот партнер

Нештата можат да бидат многу поинтересни ако ги затворите очите на партнерот со вратоврска или марама. Почнете да го/ја бакнувате по вратот, стомакот или кое било друго место, полека симнувајќи се надолу. Ако навистина сакате да го/ја воодушевите, држете ледена коцка во устата додека со бакнежите се спуштате надолу.

Слични објави

Трик против муви со кеса полна со вода – Успева или не?

Т.Ц.

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Време е да се ставите себеси на прво место – викенд без обврски може да направи голема разлика

Т.Ц.

Идеално место за вашата моминска вечер: Villa Diva не е само простор за изнајмување, туку сцена за доживување

Еспресо

Фенг шуи: 10 работи што треба да ги отстраните од домот – веднаш ќе почувствувате олеснување

Т.Ц.

Додајте ѝ вкус на водата со една од овие состојки – ја поттикнуваат дигестијата, помагаат при слабеењето, ја намалуваат надуеноста…

Т.Ц.
Се вчитува....