21.8 C
Скопје
13:49 - 21 октомври, 2026

Цвет пита: Појадок за ден полн енергија!

Интересната цвет пита може да биде совршена декорација и за некоја празнична трпеза, па затоа задолжително запишете си го овој рецепт.

Потребно ви е: готови кори за пита (тенки), 200 грама сирење, 1 јајце, 2 врзопчиња блитва, 1 лажица гриз, 1/2 прашок за печиво, масло, шери домати за декорација.

Подготовка: Блитвата обарете ја и исецкајте ја на ситно. Сирењето изгмечете го, па додадете јајце, гриз, 1/2 прашок за печиво, масло.

Кората постелете ја, замастете ја, ставете во средина една лажица од филот,  оформете како топче од филот и соберете ги краевите и завиткајте го вишокот кори надолу. Доколку ви остане фил на крајот, ставете во секоја цвет пита во средината. Можете да ставите и по половина шери домат во средината на секој цвет. Редете во подмачкан плех.

Премачкајте со жолчка и ставете сусам. Печете на 200 степени 40 минути.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....