7.8 C
Скопје
23:43 - 18 октомври, 2026

Цвекло на највкусен начин, подгответе го вака

Состојки:

– 2 варени цвекла
– 2 варени моркови
– 1 поголем варен компир
– 1 млад кромид или праз
– 2-3 чешниња лук
– сол, малку масло
– 1 лажица павлака (може и без тоа)
– малку сварена супа или чиста зовриена вода

Подготовка:

Младиот кромид ситно испржете го на маслото. Сварете го цвеклото, морковот и компирот, па ставете ги во блендер и додадете го лукот и пржениот кромид и малку супа. Сето тоа убаво изблендирајте го и префрлете ја смесата во сад, па ако е многу густа, додадете уште малку супа или чиста зовриена вода.

Посолете и додадете полна лажица павлака и измешајте. Вашата чорба е готова…

Доколку сакате ова јадење да биде посно, исфрлете ја павлаката.

Уживајте!

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....