11.8 C
Скопје
09:45 - 18 октомври, 2026

Се топат во уста – Американски палачинки со јаболка и цимет

Вкусот на јаболко и цимет во комбинација со меко тесто сигурно ќе ви ги разведри тмурните денови во пролетта.

Овој рецепт за палачинки е многу едноставен – излупете четири големи јаболка и исечете ги на кругови, со дебелина од еден центиметар. Тестото припремете го според рецептот во продолжение и натопете го секое парче. Ставете ги парчињата на загреана тава и печете отприлика две минути од секоја страна. Помешајте 100 грама шеќер со една лажичка цимет и наросете ги палачинките по печењето. Можете да ги послужите и со јаворов сируп или карамел, но тие се одлични и без прелив.

Потребни состојки:

• 200 гр. брашно

• едно пакетче прашок за пециво

• 1 лажичка сол

• 1 лажичка шеќер

• 250 мл. млеко

• 1 јајце

• 3 лажици растопен путер

Припрема:

Во сад, помешајте го брашното, прашак за пециво, солта и шеќерот. Во средината направете простор, а потоа додадете го јајцето, млекото и растопениот путер. Мешајте се додека не добиете густа смеса. Доколку е потребно, додадете уште млеко или брашно. Со парче путер намастете ја тавата, а потоа печете додека палачинките не добијат златна боја од секоја страна.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....