22.8 C
Скопје
16:49 - 19 октомври, 2026

Овој викенд заблажете се со вкусната и лесна – Цимет торта

Погледнете како да ја подготвите оваа брза и вкусна цимет тортичка…

Состојки:

5 јајца

300 грама кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

100 милилитри јогурт

2 лажици масло

300 грама мелени ореви

150 грама гриз

малку кора од портокал

прстофат сол

1 голема лажица цимет

5 помали рендани јаболка

1 прашак за печиво

10 лажици брашно

1 литар вода

800 грама шеќер

Подготовка:

Во подлабок сад одвојте ги белките од жолчките и во белките додадете го шеќерот. Со миксер, убаво изматете ги белките а потоа во посебен сад започнете со матење на жолчките во кои сте ги додале кората од портокал, маслото и јогуртот. Потоа додадете ги оревите, гризот, брашното, циметот и прашокот за печиво.

На крај, додадете ги јаболката и полека помешајте го и снегот од белки. Истурете ја смесата во тава за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

На крај, оставете го пандишпанот да се излади, а за тоа време подгответе го шербетот.

Истурете го врелиот шербет врз изладениот пандишпан и со тоа тортата ви е готова.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....