19.8 C
Скопје
00:19 - 9 септември, 2026

Направете нешто вкусно за целото семејство – Портокал колачиња

Состојки:

200 грама брашно

250 грама шеќер

2 јајца

2 супени лажици мед

малку цимет

20 грама рендана кора од портокал

1 прашок за печиво

150 грама шеќер во прав

3 лажици сок од портокал

Подготовка:

Сите потребни состојки за подготовка на овие колачиња ставете ги во подлабок сад и убаво изматете ги со помош на миксер. Кога смесата ќе стане компактна, исклучете го миксерот и прекријте ја добиената смеса со чиста кујнска крпа. Потоа оставете ја смесата да отстои околу еден час во фрижидер. Релативно мекото тесто, истурете го врз претходно посипана работна површина со остро брашно, а потоа со помош на сукало развлечете кора со дебелина од 5 милиметри. Добиеното тесто исечете го на крукчиња со помош на чаша.

Добиените колачиња наредете ги во соодветна тава за печење и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Кога ќе помине потребното време, а колачињата ќе добијат убава златна боја, извадете ги од рерна. Откако колачињата ќе се изладат, прелијте ги со глазура што претходно сте ја подготвиле од сок од портокал и шеќер во прав.

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....