08:03 - 8 ноември, 2026

Мусака каква што досега не сте пробале – необична, а превкусна

Мусаката може да биде брз и превкусен ручек кој ќе го обожуваат сите членови на семејството.

Потребно е:

– 200 гр тестенини (во нашиот случај макарони)

– 300 гр мелено месо

– 1 главица кромид

– 2 чешниња лук

– масло

– вегета

– сол

– алева пиперка

– 2 јајца

– 250 гр кисела павлака

– кашкавал

Подготовка:

Сварете ги макароните и додадете малку масло за да не се залепат. На масло пропржете ситно сецкан кромид и додадете го меленото месо и него испржете го. Додадете го сецканиот лук, вегетата, солта и црвениот пипер.

Подмачкајте плех. Изматете ги јајцата и додадете ја павлаката и измешајте, па оваа смеса додадете ја во тестенините.

Ставете половина од макароните, израмнете, па додадете го меленото месо во кое сте ставиле и 1 јајце.

Одозгора распоредете го другиот дел од макароните. Изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 30 минути за да зарумени.

Слични објави

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.
Се вчитува....