17.8 C
Скопје
16:29 - 18 октомври, 2026

Меки и сочни: Тулумби без пржење, туку во рерна

Важно е воопшто да не ја отворате рерната за време на печењето

Состојки:

  • 500 мл вода
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 2 шолји масло
  • 300 г брашно
  • 4 јајца
  • 1 прашок за печиво

За сирупот:

  • 500 г шеќер
  • 1 л вода
Приготвување:
  • Ставете да зовријат вода, шеќер, малку сол и масло. Потоа додајте брашно претходно помешано со прашок за печиво, добро измешајте и оставете да се олади.
  • Во ладната смеса додавајте едно по едно јајце и добро измешајте. Обложете плех со хартија за печење или премачкајте го со масло, па со шприц истискајте ги тулумбите, да бидат со големина од околу 12 сантиметри.
  • Печете ги околу 30 минути на 180 степени, извадете ги, прелејте ги со сируп од зовриен шеќер и вода и оставете ги убаво да го впијат.
  • Совети:
  • Додека тулумбите се печат, пригответе го сирупот. Загрејте ја рерната пред да почнете со приготвување на тестото, така што ќе биде добро загреана кога ќе ги ставите тулумбите да се печат. Воопшто не ја отворајте рерната за да видите дали тулумбите се готови, извадете ги кога ќе добијат бакарна боја.

 

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....