21.8 C
Скопје
03:33 - 21 август, 2026

Јапонска кајгана Како да ги подготвите највкусните јајца на светот

Воздушеста текстура и неодолив спој на вкусови…

Состојки: 4 јајца, 1 лажица оризово вино за варење, 2 лажички соја сос, прстофат шеќер, малку супа од кесичка разматена во малку врела вода (доволна е една лажичка), малку путер.

Подготовка: Јајцата, виното од ориз, шеќерот и малку супа разматена во вода помешајте ги во сад, но водете сметка да не се направи пена.

Во тавче растопете малку путер на средна температура и сипете отприлика една третина од смесата. Кога смесата малку ќе се стегне, со помош на стапче мотајте ролат кон средината. На празниот простор во тавчето сипете половина од преостанатата смеса, па кога ќе се зацврсти, ролатот намоткајте го повторно. Повторувајте се додека не ја потрошите целата смеса од јајца.

Водете сметка јајцата добро да се испечат.

По желба, додека смесата од јајцата е уште ровка, сипете малку рендан кашкавал или истрошено сирење – ќе биде уште повкусно.

Вака изгледа процеот на подоготовка:

Слични објави

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо
Се вчитува....