20:52 - 11 ноември, 2026

ЕСЕНСКИ ДЕСЕРТ: Колач со грозје (РЕЦЕПТ)

Испробајте го овој вкусен десерт со свежо грозје. Многу е едноставен за подготовка.

Користете иста шолја за мерките.

Состојки:

Една шолја шеќер
Две и пол шолји брашно
Еден прашок за пециво
500 гр зрна грозје без семки
Половина шолја масло (и уште една лажица)
Четири јајца
180 мл јогурт

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки, па додавајте ги маслото, јајцата и јогуртот постепено. Мешајте со жица за тесто.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартија за печење која сте ја намастиле со лажица масло. Излејте го тестото и одозгора наредете ги зрната грозје. Печете околу 40 минути.

Посипете со шеќер во прав.

Сочни печени домати (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Слични објави

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо
Се вчитува....