15.8 C
Скопје
10:52 - 2 октомври, 2026

Британското кралско семејство полудува по оваа торта: Чоколадна фантазија која не се пече!

Британската кралица Елизабета Втора и принцот Вилијам го обожaваат овој десерт, открива личниот кралски готвач Дарен Мек Грејди.

Потребни состојки:

– 120 гр. путер
– 120 гр. шеќер
– 120 гр. темно чоколадо
– 1 јајце
– 220 гр. кекс

За глазура:

– 240 гр. растопена чоколада

Начин на подготовка:

* Намастете калап за торта со дијаметар од 20 центиметри.
* Кексот искршете го со раце да биде отприлика со големина на бадеми.
* Во поголем сад ставете го путерот кој претходно отстоил на собна температура и помешајте го заедно со шеќерот и матете додека да добиете хомогена смеса.
* Растопете 120 грама темно чоколадо на пареа и додадете го во смесата со путерот и шеќерот, притоа постојано мешајки.
* Додадете едно јајце и изматете за добро да се поврзат состојките.
* Во чоколадната смеса додадете ги парчињата кекс и измешајте за сите парчиња кекс да се прекријат.
* Истурете ја смесата во калап за печење и внимавајте нигде да нема дупки, особено на дното,
* Пред сервирање колачот држете го во фрижидер најмалку три часа.
* Во меѓувреме растопете 200 грама чоколадо и кога ќе ја извадите тортата од фрижидер и ќе го извадите прстенот од калапот, превртете ја наопаку и прелијте со глазурата од растопеното чоколадо.
* Тортата дрете ја на собна температура додека не се излади глазурата.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....