13:14 - 7 ноември, 2026

Зошто имате подочници и кога не сте уморни?

Иако за појавата на подочници сите главно го обвинуваат недостатокот на сон, тоа е само една од причините кои придонесуваат за тие досадни темни кругови под очите.

Различни фактори влијаат на појавата и интензитетот на нашите подочници.

Ви претставуваме 3 причини поради кои имате подочници иако не ви недостига сон:

Премногу ги триете очите

Претераното триење на очите може да влијае на подрачјето околу очите на различни начини. Кога ги триете очите, кожата може да стане малку подебела и потемна бидејќи триењето делува иритирачки.

Дехидрација

Дехидратацијата има силна и важна улога кога станува збор за темните кругови под очите. Кога кожата е дехидрирана, изгледа потемно и доведува до појавата на темни кругови под очите.

Генетика

Една од причините поради кои имаме подочници е и генетиката. Некои луѓе имаат потемна пигментација на кожата под очите, а тој фактор е наследен.

Слични објави

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај децата – како да се идентификува и што да се преземе

Еспресо
Се вчитува....