15.8 C
Скопје
04:41 - 9 септември, 2026

За што сонуваат бебињата и дали имаат кошмари?

Додека го гледате вашето малечко како спие, сигурно се прашувате дали сонува нешто во тој момент. Дали одредено движење или гримаси во сонот всушност значи дека сонуваат?

Дали бебињата сонуваат?

Дури и експертите, не можат да бидат сигурни дали бебе сонува додека спие, пишува Yumama.

Што се однесува до возрасните, познат е фактот дека сонуваме за време на РЕМ фазата на спиење. Патем, кај децата, РЕМ фазата трае двапати подолго отколку кај возрасните. Од таа причина, некои лекари претпоставуваат дека е можно мозокот на бебето да работи, а тие да сонуваат.

Сепак, постојат невролози кои се сомневаат дека бебето може да сонува. Тие веруваат дека мозокот на децата е сè уште недоволно развиен за да создаде апстрактни мисли и слики. Во нив, РЕМ фазата има поинаква функција – да го стимулира когнитивниот развој.

За што сонуваат бебињата?

Ако воопшто сонуваат, тогаш е многу тешко да се разбере што всушност се случува во соништата, бидејќи тие немаат развиен јазик, чист концепт за луѓето и работите што ги опкружуваат. Дефинитивно соништата би изгледале многу поразлично отколку кај возрасните. Тие веројатно би се засновале на некое искуство од животот, чувство, како доење или едноставни слики, на пример од лицето на мајката

Психологот Дејвид Фолкс смета дека децата веројатно започнуваат да сонуваат на возраст од девет години, бидејќи тогаш тие развиваат самосвест и подобра визуелизација на нештата. Кај помладите деца, статичките слики можат да бидат присутни за време на спиењето.

Дали бебињата имаат кошмари?

Шансите за тоа се многу мали, имајќи предвид дека бебињата сè уште немаат развиено чувство на страв.

Сепак, сите ние забележавме како бебето почнува да вознемирено да прета, да произведува звуци и го менува дишењето за време на спиењето. Експертите потенцираат дека нема причина да се грижите, бидејќи децата природно ги развиваат тие моторни вештини, а таквите движења ќе исчезнат со текот на времето.

Слични објави

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.

Ѓумбирот е лековит, но не за сите! Кој не смее да консумира ѓумбир?

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на бенигни тумори на кожа

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е перзистентниот форамен овале

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ ја одбележа светската недела на доењето

Еспресо
Се вчитува....