18.8 C
Скопје
17:30 - 26 април, 2024

Папата Франциск му пиша на рускиот патријарх Кирил по повод празникот: „Да ја заштитиме вредноста и достоинството на секој човечки живот“

Папата Франциск му напиша на рускуиот патријарх Кирил: „Нашите напори треба да бидат за заштита на човечкото достоинство“ испраќајќи му пораката со добри желби по повод празникот Свети Кирил и неговиот именден.

„Празникот Свети Кирил, големиот апостол на Словените, ми дава можност да ви ги испратам моите поздрави и да ве споменам во молитва за Неговата Светост и за Црквата доверена на вашата пасторална грижа. Во овие денови се молам на нашите Небесен Отец и Светиот Дух да нè обнови и зајакне во евангелската служба, особено во нашите напори да ја заштитиме вредноста и достоинството на секој човечки живот“ – напиша папата Франциск во пораката со добри желби упатена до рускиот патријарх Кирил за денот на Свети Кирил и Методиј, и за неговиот именден.

Војната според Кирил

Рускиот патријарх Кирил се најде на насловните страници во деновите кога започна руската инвазија на Украина. Неговата поврзаност со Владимир Путин беше одамна позната, но не беше очекувана проповедта што ја одржа московскиот патријарх Кирил во неделата на Прочка, со која започна постот во Русија. Кирил во таа прилика изјави дека војната во Украина е еден вид крстоносна војна против земјите кои ги поддржуваат правата на хомосексуалците.

Многумина побараа од него да интервенира против инвазијата на Украина. Но, наместо да употреби зборови на осуда, тој ја оправда воената операција. За Кирил, всушност, се работи за борба против промовирање на грешни модели на живот спротивни на христијанската традиција. Најважниот пример од сите, истакна тој, е „Геј Прајд“. Во својата проповед на крајот од Божествената Литургија во катедралата на Христос Спасителот во Москва, патријархот најпрвин рече дека „оваа пролет беше засенета од сериозни настани поврзани со влошувањето на политичката ситуација во Донбас, практично со избувнувањето на непријателствата“, а потоа целиот свој аргумент го насочи кон потребата да се бори против моделите на живот промовирани од геј парадите.

Порака за помирување

Папата Франциск веќе се обиде да се „помири“ со московскиот патријарх со пораката испратена за православниот Велигден: „Драг брате! Нека Светиот Дух ги преобрази нашите срца и нека нè направи вистински миротворци, особено за Украина разурната од војна, така што големиот Велигден од смрт до нов живот во Христа станува реалност за украинскиот народ, желен за нова зора што ќе стави крај на темнината на војната“ – напиша папата во писмото испратено до патријархот на Москва и на сите Руси Кирил по повод православниот Велигден. Папата нагласи дека во ова време „ја чувствуваме целата тежина на страдањата на нашето човечко семејство, уништено од насилство, војна и толку многу неправди“.

Напнати односи

Односите меѓу папата Франциск и патријархот Кирил не биле секогаш релаксирани. Во неодамнешно интервју папата изрази подготвеност да оди во Москва за да се сретне со Кирил, но и со Путин, и да даде придонес за решение на конфликтот во Украина. Сепак, на оваа негова понуда не доби никаков одговор од Москва.

Реагираше набргу службата за комуникација за надворешни односи на Московската Патријаршија, цитирана од агенцијата Тасс, дека: „Папата Франциск избра погрешен тон за да ја пренесе содржината и малку е веројатно дека таквите изјави ќе придонесат за воспоставување на конструктивен дијалог меѓу Римокатоличката црква и Руската православна црква, што е особено неопходно во овој момент.“

 

Слични објави

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо
Се вчитува....