11:58 - 7 ноември, 2026

ДЕЛ ОД ЗАЧИН КОЈ СИТЕ ГО КОРИСТИМЕ, А НИКОЈ НЕ ЈА ЗНАЕ НЕГОВАТА МОЌ: Жените се колнат во него!

Овој зачин, исто така, помогна во балансирање на хормоните

Сите го имате овој зачин во кујната, и сигурно не сте знаеле дека ги намалува проблемите за време на менопаузата, помага во решавање на сувоста на вагината, ја намалува болката за време на сексуалниот однос и го решава проблемот со ниско либидо.

Сексуалниот живот е неисцрпен извор на среќа, задоволство, а понекогаш и фрустрација. Недостатокот на сексуална желба или либидо е проблем за кој ретко се зборува. Но, Индијанците, луѓето кои се заслужни за најважната книга за сексот, Камасутра, исто така знаат како да го решат проблемот со женското либидо.

Зачин како решение за овие проблеми

Новото истражување покажа дека едно од растенијата во мешавината на кари значително го подобрува либидото. Тоа е фенугрик, една од главните состојки на најпознатиот индиски зачин, која обично се состои од куркума, фенугрик (или тилчец), коријандер, ѓумбир, ким и голем број други растенија.

Истражувањето на „Red Hot Research“ забележа дека фенугрикот, лисјата и семето на тоа растение, ги намалуваат проблемите на жените за време на менопаузата. Кај жените во менопауза, тилчецот може да намали разни болести како што се сувост на вагината, сексуална дисфункција, топли бранови, потење, нарушувања на спиењето, промени во расположението и депресија. Но, паралелната студија донесе уште поинтересни резултати, тилчецот помага и при сексуални проблеми. За време на студијата, 42% од испитаниците откриле дека нивните проблеми во спалната соба се намалуваат кога земаат 500 мг дневно од билката тилчец.

Фото: Инстаграм

Зачинот исто така помогна во балансирање на хормоните. Тестостеронот е клучен за „стимулирање на сексуалниот интерес и одржување на желбата“, велат експертите, а помага и при протокот на крв. Во споредба со оние кои не земале екстракт од тилчец, жените кои земале од билката, имале зголемено либидо, помала раздразливост и зголемен естрадиол, главниот женски полов хормон.

Бремени жени, претпазливо

„Оваа билка може да се смета како природна алтернатива за решавање на сексуалните проблеми кај жените“, велат научниците кои работеа на оваа студија во Индија.

Сепак, жените кои се бремени треба да избегнуваат тилчец за време на бременоста, бидејќи може да го забрза породувањето, што доведува до спонтан абортус.

Слични објави

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....