20:45 - 27 ноември, 2026

Том Хенкс во говорот спомна пет деца, а има четири – Ќе се воодушевите кога ќе слушнете зошто! (ВИДЕО)

Тој не погреши во броењето, а причината поради која го спомена петтото дете е вредна за почит.

Целиот свет зборува за солзите на Том Хенкс (63) на доделувањето на наградите на Златен глобус.
Актерот истакнал дека има многу поголеми работи во животот од награда и признание, а пред сите присутни ја истакнал својата сопруга.

„Човекот е благословен со семејството кое што седи пред него“ – рекол Том додека погледот го имал насочено кој својата сопруга Рита Вилсон и нивните деца.

Тој исто така истакнал дека тие му се најважните луѓе во неговиот живот.

„Жена која е фантастична на секој начин, која ме научи што е тоа љубов. Пет деца кои се храбри, силни и мудри – што е нивна работа. Прекрасна група луѓе која го прифаќа тоа што некогаш со месеци не сум присутен дома. Не можам да ви опишам колку ми значи вашата љубов“ – низ солзи изјавил актерот.

Според пишувањето на магазинот „People“, тој не погрешил во броењето, туку намерно го кажал тој број, вбројувајќи ја во своите деца и сопругата на својот син Колин, Саманта Брајант.

Според извори блиски на актерот, тој Саманта ја смета за своја ќерка. Колин и таа се во брак од 2010 година и имаат две деца.

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....