17.8 C
Скопје
13:30 - 26 април, 2024

Стресот може да ви го наруши имунолошкиот систем: Како најлесно да станете поотпорни на вируси?

Граѓаните не треба да се плашат. Природата се погрижила имунолошкиот систем да биде способен соодветно да одговори кон сите досега познати антигени, па дури и кон сите оние што допрва ќе се создадат во иднина. Само треба да му се остави доволно време тоа да го направи, како и малку да му се потпомогне, вели за МИА имунологот д-р Дејан Трајков, професор на Медицинскиот факултет – Скопје во врска со коронавирусот.

– Единствената разлика меѓу сите нас е во тоа што времето потребно имунолошкиот систем да го покаже својот максимален ефект е индивидуално и различно. Ние сега можеме да му помогнеме само со консумација на одредени минерали и витамини. Нивниот вид и концентрација зависи од претходната физичка и психичка состојба на организмот, што е повторно индивидуално. Секако, што е исто така многу важно, во никој случај не треба да се наруши невро-ендокрино-имунолошката оска која постои во нашиот организам. Со други зборови, не треба да подлегнуваме на никаков страв и паника, бидејќи стресот кој при тоа се јавува веднаш ќе доведе до инхибиција на имунолошкиот систем и неможност на организмот благовремено да се одбрани. За тоа воопшто и нема причина – нагласува д-р Трајков.

Според него, одморот и сонот, кои сега ни се потребни во поголем обем, а кои ни се овозможени со подолгиот престој во домовите поради изолацијата, се едни од најважните фактори кои исто така ќе му помогнат и ќе овозможат правилна функција на имунолошкиот систем.

– Министерството за здравство и здравствените работници досега ги имаат преземено сите соодветни здравствени мерки, правовремено и во доволен обем, за да му овозможат на имунолошкиот систем навреме да се разбуди и да ја изврши својата должност, оценува проф. д-р Трајков од Медицинскиот факултет во Скопје.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....