21:17 - 28 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: По снежните врнежи следува…

– По снежните врнежи кој зафатија најголем дел од државава, од утре па натаму следува период на претежно стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде четврток кога ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и засилен ветер од северен правец. Наутро температурите повторно ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели од државава – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион од утре па натаму следува период на претежно стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Особено во четврток ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 7 степени.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....