21:08 - 28 ноември, 2026

По еден месец откриено кое име Енрике и Курникова и го дале на ќеркичката

Поранешната тенисерка и пејачот Енрике пред еден месец го добија своето трето дете…

Пејачот Енрике Иглесијас и неговата сопруга Ана Курникова конечно по пет недели од раѓањето на ќеркичката открија кое име и го доделиле.

Пејачот и поранешната тенисерка минатиот месец по трет пат станаа родители на малечкото девојче на кое и го дале името Марија, во чест на мајката на Ана која по потекло е од Русија.

Среќните родители на својата ќеркичка веќе и дале и прекар, па така тие веќе ја нарекуваат и Маша, откри Енрике во интервјуто за магазинот Мирор.

Да се потсетиме, пејачот среќната вест за раѓањето на својата ќеркичка ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, кога објави слика на која го држи неговото штотуку родено дете.

Енрике и Ана ги имаат и близнаците Луси и Николас кои ги добија на крајот на 2017 година.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....