Може ли вашиот брак да го преживее коронавирусот?

Дури и оние кои имаат среќен и стабилен брак, можат да дојдат во проблеми во текот на самоизолацијата поради тоа што постојано се затворени во еден ист простор со својот партнер. Повеќето се осудени во мал простор да ги поминуваат деновите со сопружникот, со кој треба да го усогласат деловниот и приватниот живот 24 часа, седум дена во неделата, што би можело да биде совршен рецепт за катастрофа и евентуален развод.

Кавгите се нормална појава, не земајте се при срце, размислете на фактот дека сега е вонредна ситуација, и дека и бракот ви е во вонредна ситуација. Во нормална ситуација никој пат не сте 24/7 постојано заедно и токму затоа подобро е малку да запрете и да не долевате масло во огнот.

Ова се советите кои можат многу ќе ви олеснат…

1. Комуницирајте колку што можете повеќе, но не досадувајте

Комуникацијата е клуч за успешниот однос. Комуницирајте, тешете се, смислете нешто што и двајцата ве релаксира, зборувајте за се и сешто, но не досадувајте. Зборувајте за нешто што и двајцата ве засега, но не избирајте тешки теми, со цел да не дојде до конфликт, разговарајте за вашата иднина, смислете нешто иновативно за во вашиот дом. Научете да комуницирате со уживање.

2. Дадете си меѓусебен простор

Понекогаш ќе биде потребно да се повлечете и да го оставите партнерот да обави нешто сам, да изгледа филм сам, да прочита книга, да ужива на балконот сам во своето кафе, тоа е дозвола за интимен простор која само ќе ве зближи уште повеќе. Научете да уживате и во тишината, исто како и во зборувањето.

3. Кажете си отворено еден на друг што ви пречи

Кога ќе го направите ова, вие со сета почит кон партнерот го отварате вашето срце и искажувате ваши интимни проблеми. Но, бидете подготвени дека и на партнерот му пречи нешто од ваша страна, па бидете подготвени за компромис.

4. Воспоставете рутина за основните работи

Со цел да се запази редот, воспоставете некаква рутина, нека биде дури и минимална, некој нека зготви ручек, друг нека ги измие садовите. Оставете му на партнерот доволно време за во тоалет, за разговор на телефон, за гледање на омилениот ТВ канал. Поставете време за игра и време за мир. Со меѓусебното разбирање најмногу ќе си помогнете.

5. Не инсистирајте на секс

Ситуацијата е доволно трауматична и одредени лица ја прифаќаат како високоризична и многу стресна. Пандемијата воопшто не е пријатна ситуација и немојте да го вознемирувате вашиот партнер доколку тој не се чувствува комотно во новонаметната ситуација. Наместо да го принудувате на секс, понудете му релаксирачка масажа, заедничка купка. Доколку вашиот партнер целата криза со коронавирусот ја смета за исклучително стресна сексот е нешто што последно треба да ви падне на памет.

6. Концентрирајте се на мали работи

Доколку и двајцата сте склони на паника, оттргнете си го вниманието со некои ситници, поправете нешто во домот, исчистете некое катче од вашиот дом. Гледајте филм, радувајте им се на децата, бакнувајте го партнерот, гушнете го и кажете му дека се ќе биде во ред. Создадете мала идила. Снимајте се, правете смешки, гответе заедно, напишете му порака, исецкајте му го омиленото овошје, едноставно направете пријатна ситуација од една мала ситница.

Бонус совет: Секојдневно закажете си време за лудување, да лудување, но позитивно. Пуштете музика и танцувајте, пуштете вежби на интернет и заедно вежбајте, трчајте или пешачете во место, играјте забавна игра, „тепајте“ се со перници, пејте заедно, правете си фризури, поставете мал кош на некоја врата па играјте баскет на поени, направете караоке забава… правете се што ќе донесе насмевка на вашето лице.

Слични објави

Познатите Хрвати се во шок по земјотресот: Врескав од страв, сè уште се тресам! (ФОТО)

Еспресо

МОДНА ИНСПИРАЦИЈА: Што носат познатите дами на плажа (ФОТО)

Igor

Ќерката на раперот Ерик Б загина во фатална сообраќајна несреќа

Еспресо

Морам сама да ја мијам косата – Сузана Манчиќ во изолација сними видео со кое ја разлути јавноста (ВИДЕО)

Еспресо

Ја потрупале двегодишната ќерка во песок за да имаат секс во море: Девојчето едвај останало живо

Еспресо

Легендарните „Deep purple“ имаат нова песна и спот: Преслушајте ја „Throw my bones“ (ВИДЕО)

Еспресо

Остави Коментар

7 − четири =

Слични објави

Почувствувајте ја зимската идила на француските Алпи (ФОТО)

Еспресо

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ проговори за неа во неговата автобиографија!

Еспресо

ДУХОВИТИ ЦИТАТИ на популарни жени за односите со мажите

Igor

Ова езеро е прогласено за најубаво во светот (ФОТО)

Еспресо

Ризичен фустан кој не простува недостатоци на Северина и стои совршено (ФОТО)

Еспресо

НАЈШОКАНТНИОТ ДЕТАЛ кој го призна ДЕМИ МУР: Мајка ми даде на 15 години да ме СИЛУВААТ за 400 долари

Igor