22:48 - 9 ноември, 2026

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Хрватската пејачка Нина Бадриќ беше во брак со милионерот Бернардо Красниќ. Меѓутоа, овој брак не успеа, и покрај големата љубов на сега веќе поранешниот брачен пар, а Бернард набрзо повторно се ожени.

Бернард Красниќ, хрватски милионер, беше голема љубов на пејачката Нина Бадриќ. Тие беа во врска 12 години, а во брак шест. Пејачката „цветаше“ покрај овој пет години помлад бизнисмен.


Тие се свршија во Дубровник во 2013 година, а се венчаа во 2016. Но, по три години се разделија, а три години подоцна следуваше и официјалниот развод.

Хрватската јавност шпекулираше дека младиот Бернард ја изневерува пејачката. Сепак, никој не се огласи во врска со тие шпекулации.

Нина своевремено за својата љубов со Бернард зборуваше вака:

– Најлошото нешто што ми се случи е кога мојот маж престана да биде заштитник на моето срце. Кога не е искрен. Кога истура лаги. Кога се прави дека му е сеедно и кога ме зема здраво за готово, а уште полошо е кога сето тоа ќе го сфати предоцна. На таквите не им давам втора шанса – изјавила Нина Бадриќ за „24 сата.хр“.

Таа истакнала и дека лошото искуство од минатото нема да ја поколеба.

– Не треба да судите личност врз основа на лоши искуства. Тоа треба да се заборави. Тоа е минато и не треба да се навраќаме на него. Има и тоа како прекрасни мажи.

Бернард ја нашол среќата со директорката на маркетинг на една хрватска компанија, Латица Иванишевиќ, со која е во брак со години и со која има две деца.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....