20:19 - 8 ноември, 2026

Мерил Стрип стана жешка црвенокоса – Кој би рекол дека има 70 години? (ФОТО)

Актерката Мерил Стрип (70) ќе глуми во новиот филм „The Prom“, а за таа пригода го сменила и имиџот. Папараците неодамна ја фотографирале додека шетала на сетот. Таа ја променила препознатливата боја на косата.

Мерил Стрип со децении има руса коса, а сега ја офарбала во огнено црвена, што е вистинско освежување. Нејзините обожаватели на социјалните мрежи коментираат дека црвенокосата Мерил со оваа промена изгледа 20 години помлада.

– Таа нам се обидува да ни покаже дека никој не може да изгледа толку добро на 70 години како неа – гласел еден коментар на Твитер.

Актерката, стајлингот го усогласила со бели пантолони, чизми и јакна. Со златниот часовник, обетките, прстените и ѓерданот ја разбила белината.

Во филмот со Мерил ќе глуми и Никол Кидман (52). Тие ќе отелотворат две бродвејски ѕвезди кои им помагаат на две лезбејки да одат на матура. Филмот е базиран на бродвејскиот мјузикал кој беше актуелен од ноември 2018 до минатата година.

Мерил Стрип петнаесет пати е номинирана за Оскар за најдобра главна улога, а е меѓу ретките кои досега добиле три. Освен тоа, таа освои и неверојатни осум Златни глобуси, а за истите е номинирана дури 28 пати.

View this post on Instagram

BAFTA Awards 2012 ?

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) on

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....