12.8 C
Скопје
10:08 - 19 октомври, 2026

Хари и Меган својот син го „држат“ на веганска исхрана: Кралицата загрижена за здравјето на малиот Арчи

Откако на почетокот од годинава 35-годишниот принц Хари и неговата 3 години постара сопруга Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од кралското семејство и започнуваат живот на релација САД – Канада, подалеку од очите на јавноста и стресот, сега имаат повеќе време да уживаат во новиот, помирен живот, но и да посветат повеќе време на својот 9-месечен син Арчи.

Меѓутоа, нивната посветеност, но и начин на одгледување на малиот Арчи не се допадна на многумина. Всушност, The Sun пишува дека Хари и Меган го „тераат“ својот син на веганска исхрана, што воопшто не ѝ се допаѓа на кралицата Елизабета.

Уште од самото раѓање на наследниот, Хари и Меган го хранат со зеленчук, но и самите се учат да подготвуваат веганска исхрана. Извор близок на парот открива дека најмногу сакаат кога готват самите за себе, а Меган на Хари му покажала како се подготвува храна базирана на билки.

„Хари не беше најдобриот готвач кога ја запозна Меган, но таа го учи на сите трикови. Меган јаде само органска храна, а таа и Хари направија и сопствена бавча во близина на дворецот Виндзор“, откри извор близок на тричленото семејство.

Profimedia

Според изворот, Меган поголем дел од времето строго се придржува токму кон билната исхрана, иако понекогаш има „ден на мамење“, а се надева дека по истите стапки ќе тргне и нејзиниот син.

Сепак, ставовите на Меган воопшто не ѝ се допаѓаат на кралицата Елизабета.

„Кралицата нема да го толерира тоа. Поради тоа дојде до напнати расправии помеѓу Меган и Хари, кој не сака да ја вознемирува својата баба. Тој се надева дека Меган ќе се смири и малку ќе попушти. Изгледа дека Меган баш и не ги почитува традициите на кралското семејство, но кралицата едноставно нема да толерира одгледување на детето како веган, првенствено поради неговото здравје“, заклучува изворот.

Слични објави

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо
Се вчитува....