13:10 - 8 ноември, 2026

По 35 години решена мистеријата на плочата на Бајага, програмерите го дешифрираа записот (ВИДЕО)

На Б страната од промотивниот сингл за албумот на „Бајага и инструктори“, под назив „Са друге стране јастука“ од 1985 година, се наоѓа компјутерска информација за Sinclair Spectrum, која беше мистерија за многумина, бидејќи во тоа време компјутерите беа далеку од секојдневие.

Меѓутоа, 35 години подоцна, мистеријата ја реши Марко Шолајиќ, корисник на Твитер, кој исто така се занимава со програмирање, а кој опиша како го декодирал овој запис.

– Малку дигитална археологија од аналогниот период. Синглот на Бајага од 1985 година на Б страната имаше компјутерска информација за Sinclair Spectrum. Бидејќи никако не успеавме да откриеме што навистина е тоа, еден мој пријател го дигитализираше тој запис и го испрати на декодирање – вели Шолајиќ.

– Програмата е дел од две различни примероци на плочата, но ниту еден без обработка не можеше да се вчита од почеток до крај. Грешката се појавува на околу 70 отсто, што веројатно е резултат на проблем во самото производство на плочата, а и матрицата не беше центрирана, па сигналот се губеше. Овие грешки во производството на плочата се манифестираа како грешки на ниво на битови, еден бит плус и декодирањето не е успешно. Преку најразлични аудиофилтри и со посебна обработка успеав да ја декодирам програмата, така што првиот дел не е во ред, но затоа вториот е добар. Со комбинација на овие делови, а знаејќи ја и точната должина на програмата, конечно добив програма која без грешка успеа да се вчита – објасни Шолајиќ и објави Јутјуб снимка на која се гледа што се случува кога програмата ќе започне со работа.

Кога програмата ќе почне со работа, на екранот всушност се појавуваат песните од тој албум заедно со нивните текстови. Исто така, секоја песна има своја различна позадина.

Слични објави

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....