22.8 C
Скопје
14:07 - 2 мај, 2024

Жените кои не биле облечени според талибанските правила биле камшикувани, тепани и навредувани

После 20 години, Талибанците се вратија на власт во Авганистан. Светската јавност најмногу е фокусирана на шеријатскиот закон, особено на делот кој се однесува на жените и девојчињата. Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид, во своето обраќање до јавноста, се осврна токму на овој закон и правата на жените во рамки на истиот:

„Ги гарантираме сите права на жените според шеријатските закони. Жните можат да работат во образованието и здравството. Ако меѓународната заедница е загрижена, нека знаат дека нашите жени ќе ги имаат сите права според шеријатот. Нашите жени се муслимани и мора да го почитуваат шеријатскиот закон“ – рече Забихула.

Фото: Инстаграм

Авганистанците велат дека Талибанците се однесуваат полошо кон жените отколку кон животните. Иако е нелегално да се чуваат птици во кафези, Авганистанките беа заробени во ѕидовите на нивната куќа. Жените немаат никакво значење во очите на Талибанците, освен ако не се занимаваат со раѓање деца, задоволување на машките сексуални потреби или извршување на домашните работи.

Деновиве, претставниците на Талибан ги повикаа жените да се приклучат на нивната идна влада, но многумина се скептични за оваа драстична промена и веруваат дека со доаѓањето на Талибанците, Авганистан ќе биде исклучително опасно место за жените. Нивното последно владеење (од 1996 до 2001 година), за Авганистанците значеше нехумана репресија. Затоа, револуционерното здружение на жени во Авганистан (РАВА) објави список на правила кои потсетуваат низ каков пекол минувале жените во времето на талибанското владеење:

Фото: Инстаграм
  1. Целосна забрана за работа надвор од домот. Во некои болници во Кабул, можеа да работат само неколку доктори и медицински сестри. Но, сите други професии беа резервирани за мажи.
  2. Целосна забрана за активности за жени надвор од домот, освен ако не се придружени со махрам, близок машки роднина, како татко, брат или сопруг.
  3. Забрана за водење бизнис со машки трговци.
  4. На жените им било забрането да бидат лекувани од машки лекар.
  5. Жените не смееле да студираат во училишта, универзитети или која било друга образовна институција.
  6. Жените мораале да носат бурки, долги превези што ги покриваат од глава до пети.
  7. Жените кои не биле облечени според талибанските правила или кои не биле замотани со шамија, биле камшикувани, тепани и навредувани.
  8. Ако нивните глуждови не биле покриени, тие биле казнувани со тепање во јавност.
  9. Јавното каменување било казна за жените обвинети за секс надвор од бракот.
  10. Употребата на козметика била забранета. На многу жени со лакирани нокти им биле отсечени прстите.
  11. На жените не им било дозволено да зборуваат или да се ракуваат со мажите.
  12. Забрането им било гласното смеење.
  13. На жените не им било дозволено да носат потпетици, бидејќи мажот не треба да ги слуша женските чекори.
  14. На жените не им било дозволено да патуваат со такси без шамија на главата.
  15. Жените не смееле да присуствуваат на радио, телевизија или јавни собири од секаков вид.
  16. На жените им било забрането да спортуваат или да влегуваат во спортски центар или клуб.
  17. Жените не смееле да возат велосипед или мотор, дури и со марами.
  18. На жените не им било дозволено да носат облека со светли бои, односно, како што ги нарекоа Талибанците, „сексуално привлечни бои“.
  19. Жените не смееле да се собираат во празнични прилики како што е Бајрам или за рекреативни цели.
  20. На жените се забранувало да перат облека на река или на јавни места.
  21. Имињата на сите места што го содржеа зборот „жени“ биле сменети. На пример, “женската градина” беше преименувана во “пролетна градина”.
  22. На жените не им било дозволено да се појавуваат на балконите во своите куќи.
  23. Било задолжително да се обојат сите прозорци, за жените да не гледаат надвор од своите куќи.
  24. На кројачите им било забрането да прават женски мерења или да шијат женска облека.
  25. На жените им се забранувало да користат јавни тоалети.
  26. На жените и мажите не им било дозволено да патуваат со ист автобус.
  27. На жените им било забрането да носат панталони, дури и под бурка.
  28. Забрането било фотографирање жени.
  29. Забрането било печатење фотографии на жени во весници или книги.

Слични објави

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

еспресо
Се вчитува....