13:54 - 19 април, 2024

ШЕПИ ДА ИЗЛИЖЕШ (РЕЦЕПТИ): Вања од Струга ни (под)готви колачиња за вашите миленици

Гостиварчанката Вања Борисовска, мажена за скопјанец, а живее во Струга, прави превкусни колачиња и торти за домашни миленичиња. Користи 100 отсто здрави намирници, а сосема избегнува масти и шеќер. Колачињата се со најразлични вкусови и во најразлични форми.

приватна архива

Понудата на колачиња за четвороножните е широка: интегрални со морков и јаболко; со тиква, јајце и путер од кикирики; безглутенски со банана, мед, јајце и путер од кикирики, со сирење; со рогач, банана, сладок компир, безглутенски со оризово брашно, кокос, банана, јајце, сите без додадени маснотии и шеќери.

„Сите рецепти што ги употребувам се од специјални готвачи за кучиња купени од странство, сите рецепти се одобрени од ветеринари, ништо не е употребено и направено „од памет“, вели Вања.

Денес, Вања ни носи три превкусни и здрави рецепти за вашите миленици. 

Плочки со моркови

Нема поздрав, поубав и поекономичен начин да го наградите вашето куче. Морковите можат да ги јадат на сите начини, свежи, варени, замрзнати, печени… И, секако се здрави, а нискокалорични и економични. Морковите се одличен извор на витамин А, калиум и влакна. Малку сварени имаат повисок степен на апсорпција на хранливите состојки. Задолжително излупете ги и исчистете ги пред да им ги дадете на вашите кучиња.

Урмите се со ниска содржина на маснотии, не содржат холестерол, имаат витамин А, Б, Ц и калциум, обилуваат со влакна, кои го подобруваат метаболизмот, а се одличен додаток за засладување.

Потребни состојки:

  • 7 свежи урми без семки
  • 4 средни моркови
  • 1 лажичка (цејлонски) цимет
  • 3 чаши овесни снегулки

Со хартија за печење обложете сад 20х20 см и намачкајте го сосема малку со масло (ладно цедено маслиново или кокосово).

Урмите попарете ги со зовриена вода, оставете ги да отстојат 5 минути и исцедете ги.

Морковите ситно изрендајте ги рачно или со процесор за храна.

Сите состојки ги ставаме во процесор за храна, мешаме додека не се измешаат убаво, ја префрламе смесата во обложениот сад и убаво ја притискаме. Се остава да се излади во фрижидер околу 2 часа и се сече на плочки. Големината на плочките ја одредувате сами, може да бидат и сосема мали, како за тренинг.

приватна архива

Залачиња со банана и цвекло

Бананите се одличен додаток во исхраната на кучињата поради тоа што содржат калиум, витамини, биотин, влакна, но сепак треба да се даваат како награда или закуска, да не се претерува поради високото ниво на шеќер што го содржат.

Цвеклото содржи многу витамин Ц, манган, калиум, фолат и микронутриенти кои го подигаат имуниот систем на кучињата и придонесуваат за здраво крзно и кожа.

Кокосот содржи здрави масни киселини кои придонесуваат за зајакнување на имунитетот, манган кој е одличен за здравјето на коските, антиоксиданси кои спречуваат воспалителни процеси во организмот.

Бадемовото брашно е извор на протеини, влакна, витамин Е, фосфор, бакар и други минерали.

Потребни состојки:

  • ¼ чаша изрендано цвекло
  • 1 мала банана
  • 1 чаша бадемово брашно
  • 1/3 чаша кокос

Сите состојки се ставаат во процесор за храна и се мешаат да се добие изедначена смеса. Со лажичка се зема од смесата и се прават топчиња со големина колку залак. Какомопције, може да ги извалкате во кокос. Се ставаат во фрижидер 30тина минути, колку да се стегнат.

приватна архива

Коцки со  куркума и кефир

Куркумата изобилува со позитивни дејства врз здравјето: антиканцерогена, антивоспалителна, антиоксиданс, антигликемиска, помага при тешкотии со движењето кај кучињата предизвикано од остеоартритис, а има и други нутритивни вредности, како зајакнување на имунитетот, подобрување на крзното и кожата, како и подигање на нивото на енергија, поради што посебно се препорачува на работни и активни кучиња.

Кефирот е пробиотик кој содржи корисни габи кои се борат со деструктивните габи во телото. Тој е посебно добар за кучињата кои често добиваат ушни и кожни инфекции. Кефирот е богат со Б комплекс витамини, витамин А, Д, К, биотин, магнезиум, фосфор.

Овие бисквитчиња имаат малку интензивен мирис, меѓутоа се лесно сварливи, добри се за метаболизмот на панкреасот и за проблеми со системот за варење.

Потребни состојки:

  • 130 гр. оризово брашно
  • 20 гр. брашно од овесни снегулки
  • 2 лажички куркума
  • 120 мл. Кефир

Во длабок сад ги соединуваме сите состојки, ги мешаме и месиме убаво, да добиеме компактна смеса (тесто), која потоа ја оформуваме како мали коцки. Се печат на 170° во загреана рерна, околу 20- 25 минути. Внимавајте да го прилагодите времето на печење, ако ги направите во друга форма.

За секоја промена во исхраната на вашето куче или доколку е вашето куче на посебен режим на исхрана, има алеригии од храна или некое заболување, посебно на црниот дроб или бубрезите,, консултирајте се со вашиот ветеринар.

приватна архива

 

Повеќе за колачињата кои ги прави Вања може да дознаете – ТУКА.

Ј.К.Д.

 

Слични објави

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо
Се вчитува....