26.7 C
Скопје
10:20 - 20 јуни, 2026

Почина славниот бугарски кардиохирург д-р Александар Чирков

Познатиот бугарски кардиохирург проф. д-р Александар Чирков почина утрово во Варна на 82-годишна возраст, објави БТВ.

Професорот синоќа не се чувствувал добро и негов пријател го нашол мртов во хотелската соба во Варна каде што живеел, објавија медиумите според кои професорот не бил болен од ковид.

Прочуениот кардиохирург ја изврши првата трансплантација на срце во Бугарија во далечната 1986 година.

Од неговата биографија се издвојува и тоа што специјализирал кај познатиот кардиохирург, професор Бихлер во Западен Берлин во 1966 година, и бил лекар во тамошната Универзитетска болница, а потоа се префрлил во Западна Германија – на Универзитетот во Франкфурт на Мајна и на Универзитетот во Фрајбург, каде што е професор од 1981 година.

Во 1984 година се вратил во Бугарија, поканет од академик Атанас Малеев, ректор на Медицинската академија и заменик министер за здравство. Беше основач и долги години директор на болницата Светаи Катерина во Софија.

Преземено од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот

Слични објави

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Рале призна неверство и откри: Излетав низ прозор да ме не фати

Еспресо

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо
Се вчитува....