3.8 C
Скопје
05:20 - 26 април, 2024

Анти-ковид мерки во Србија: Угостителските објекти и трговските центри од денеска ќе работат до 18 часот

Од денеска стапуваат во сила новите мерки на Владата на Србија што беа донесени во насока за спречување на ширењето на коронавирусот и ќе траат 10 дена.  

До 3 декември, работното време на угостителските објекти (ресторани, кафулиња, барови, клубови), како и трговските центри, театрите, кината и други културни институции, како и приредувачи на специјални и класични игри на среќа, ќе биде ограничено до 18 часот. Продавниците и другите малопродажни објекти ќе бидат отворени до 21 часот.

Аптеките, бензинските пумпи и угостителските објекти што доставуваат храна, ќе работат без ограничувања.

Сите продавници кои не се наоѓаат во трговски центри, како што се бутиците во белградската улица „Кнез Михајлова” или фризерниците во соседството, но и многу занаетчии, ќе можат да работат, како и во претходната одлука, до 21 часот, изјави за „Блиц” градскиот секретар за одбрана, вонредни ситуации, комуникација и координација на односите со граѓаните Дарко Главаш.

Тој, исто така, изјави дека по 18 часот, а најдоцна до 21 часот, ќе можат да работат банките.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....