14.8 C
Скопје
18:23 - 24 октомври, 2026

Рале призна неверство и откри: Излетав низ прозор да ме не фати

Рале признал неверство и откри необична анегдота: „Излетав низ прозор да не ме фати!“

Композиторот Горан Ратковиќ Рале повторно проговори за својот однос со пејачката Ана Николиќ, но најпрво се наврати на својата кариера и соработката со познатата текстописка Марина Туцаковиќ.

Тој се присети на периодот на првата соработка со Туцаковиќ, кога имал конфликт со еден познат текстописец, по што следела и семејна расправија која завршила со тоа што бил избркан од дома.

„Се скарав со Стево Симеуновиќ, не сакав ништо да работам со него, не е важно околу што. Веднаш го повикав Саша Поповиќ и го прашав дали ја знае Марина. Му реков да ја повика и да ѝ каже дека сакам да работам со неа. Ја повикав и таа ми рече дека ме чекала три години. Првата песна што ја работевме беше ‘Лопов’“, раскажа Рале.

Тој додаде дека во тој период неговата сопруга го избркала од дома, по што привремено спиел кај пријател.

„Жената тогаш ме избрка од куќа, спиев кај Моби Дик. Едно утро ми рече да ѝ ја отсвирам песната ‘Лопов’. Тогаш ја сфатив поентата и ѝ реков на Марина да не менува ништо. На крај испадна генијално“, изјави тој.

Ратковиќ се присети и на моментот кога ја запознал Ана Николиќ во 1999 година во Софија.

„Ана тогаш дојде во студио кај мене. Седев со една девојка и некој ми рече дека ми доаѓа ‘Цока’. Јас излетав низ прозор, да не ме фати ‘Цока’. А Ана седеше во дворот“, раскажа тој.

Тој додаде дека од тој момент се познаваат и дека нивниот однос отсекогаш бил динамичен.

Рале истакна дека нивната врска траела околу две години и дека во тој период заедно создавале музика.

„Требаше да сними дует, постојано се дружевме, никогаш ништо не било. Тогаш спиевме во студио како брат и сестра. Заедно создававме“, рече тој.

Тој накратко се осврна и на шпекулациите за нивниот однос.

„Љубовта победува, ако ја нема, нема ни нас. Монотонијата убива. Понекогаш се случуваат кавги, но крајот секогаш е помирување“, заклучи Ратковиќ.

Слични објави

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо
Се вчитува....