18.8 C
Скопје
17:23 - 24 октомври, 2026

Откриен хонорарот на Дара Бубамара во „Ѕвездите на Гранд“, од бројката ќе ви се сврти во главата

Пејачката Дара Бубамара официјално стана постојан член на жирито на српската музичка шоу-програма „Ѕвездите на Гранд“ , а како што пишуваат медиумите, договорот што го потпишала ќе ѝ обезбеди вистинско богатство.

Пред да ги стави иницијалите на својата лојалност кон „Гранд“, Дара била во слатки маки. На нејзина адреса, се нашла и примамлива понуда од телевизијата „Пинк“ да се приклучи на проектот „Ѕвездите на Пинк“. Сепак, по долго размислување, фолк пејачката се одлучила за „Ѕвездите на Гранд“.

Преговорите меѓу Дара и раководителот на продукцијата траеле со месеци, првенствено поради нејзиниот презафатен распоред. Меѓутоа, кога конечната бројка била ставена на маса – сите дилеми исчезнале.

Дара Бубамара потпишала тригодишен договор во вкупна вредност од 300.000 евра, а по сезона ќе заработува 100.000 евра. Бидејќи се планирани 40 емисии по сезона, пејачката за секоја епизода ќе инкасира дури 2.500 евра.

„Дара имаше многу дилеми. Сите знаеме колку работи и настапува, а тоа носи голема одговорност и обврска. Сепак, кога бројката од 300.000 евра беше ставена на маса, сè падна во вода. На крајот се договорија и Дара неодамна потпиша договор со директорот на продукцијата, Горан Шљивиќ“, открива добро информиран извор, а пренесува „Блиц“.

Иако Дара Бубама се загрижила како ќе ги избалансира напорновите снимања кои траат со часови со своите редовни настапи низ дијаспората и приватните обврски, огромниот финансиски аспект на крајот преовладал.

 

Слични објави

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.
Се вчитува....