24.8 C
Скопје
15:33 - 29 март, 2024

Велика Британија го крати карантинот за патниците со негативен тест по пет дена од влегување во земјата

Британските власти од 15 декември ќе го скратат двонеделниот карантин за патниците кои имаат направено негативен тест за коронавирусот по пет дена од влегување во земјата.

Како што објави британската Влада, оваа одлука треба да го заживее туризмот, особено воздушниот сообраќај, што претрпе значителни загуби за време на пандемијата.

Од 15 декември, патниците кои ќе пристигнуваат во Велика Британија со авион, траект или воз, ќе можат да го прекинат на карантинот, доколку нивниот тест за ковид-19 биде негативен пет дена по пристигнувањето.

Патниците ќе мора да закажат тест пред патувањето, да пополнат формулар за тоа каде можат да бидат лоцирани и мора да бидат во изолација до резултатите од тестот.
Оние кои ќе изберат да не бидат тестирани по пет дена од пристигнувањетво Велика Британија, ќе мора да го почитуваат двонеделниот карантин.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....