13.8 C
Скопје
11:15 - 16 октомври, 2026

Необична просидба: Немал пари да купи веренички прстен, па ја запросил со маче

Ова е дефинитивно една од најинтерсните приказни коишто ќе ги прочитате денеска, невообичаената случка ни доаѓа од САД.

Итан Милер  стана вирален откако ја запроси Лена Брукс со маче спасено од улица наместо со скап прстен. Оваа емотивна и необична приказна привлече големо внимание на социјалните мрежи поради својата искреност и симболика.

Романтичниот момент се случил во oмилениот парк на двојката каде што се запознале.

Итан отворил мала кутија во која наместо дијамантски прстен имало мало маче.

Тој според локалните медиуми коишто ја пренесоа веста не бил во можност да купи прстен, па се одлучил на овој оригинален начин да праша за судбоносното „да“.

Тогаш ѝ рекол дека мачето го претставува животот што ќе го градат заедно. Овој емотивен гест ја расплакал Лена, која рекла „да“. Подоцна мачето го нарекле Мајло.

Просидбата брзо го подели интернетот. Многумина ја пофалиле идејата, велејќи дека покажува оти посветеноста е поважна од скапиот накит. Други, пак, во шега забележале дека грижата за мачка во текот на целиот нејзин живот веројатно ќе чини многу повеќе отколку што би чинел еден прстен.

Како и да е, приказната стана потсетник дека значењето што стои зад просидбата често е поважно од она што се наоѓа во кутијата. И покажува уште еднаш дека милениците се навистина скапоцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Common (@common.entertainment)

Слични објави

Огњен Амиџиќ за можниот ангажман на Јована Јеремиќ во „Пинкови ѕвезди“: „Жирито мора да има музички кредибилитет“

Е.А.

Калиопи за синот Пако: Ја сака Македонија и сака кога му зборувам на македонски

Еспресо

Дали сте „хеликоптер-родител“? Преголемата грижа за децата може да има неочекувани последици

К.С.

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо
Се вчитува....