15:31 - 6 ноември, 2026

Сенида објави песна на шпански јазик — како ви звучи „Amor“?

Регионалната музичка ѕвезда Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенида, официјално го претстави својот најнов сингл насловен „Amor“. Она што посебно го привлече вниманието на љубителите на нејзината музика е фактот што песната е во целост испеана на шпански јазик, со што пејачката направи храбар чекор кон интернационалниот пазар.

Новиот сингл носи спој од нејзиниот препознатлив визуелен и вокален израз во комбинација со модерни латино ритми.

Спотот за песната „Amor“ е веќе достапен на нејзиниот официјален канал на Јутјуб.

Преведениот дел од текстот на песната гласи:

„Мора да се случи, ако повторно се родам…

и пак да го видиш моето лице

среде целото море како бистра вода.

Врати се, љубов моја.

Врати се, љубов моја“.

Пејачка сака да експериментира во музиката, а пред неколку месеци ги изненади сите со дуетот со познатата група „Laibach“. Соработката меѓу на прв поглед делуваше неспојливо, од една страна индустрискиот, концептуален и често провокативен звук на „Laibach“, а од друга страната модерниот треп и R&B израз на Сенида.

Пејачката во текот на кариерата соработуваше со бројни регионални музичари, почнувајќи од Дино Мерлин, па сè до неодамнешниот дует со Ади Шоше кој ја освои публиката.

Таа и претходно има пеено на шпански јазик — сними дует со мексиканскиот пејач Адриел Фавела насловен „Bandido“.

Слични објави

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо
Се вчитува....