29.8 C
Скопје
12:59 - 8 септември, 2026

Мароканска чорба од црвена леќа: Веганска, без глутен и полна со растителни протеини

За сладокусци и вегани истовремено, оваа мароканска чорба е одличен рецепт за зимските месеци. Таа е топла и вкусна, а е здрава и со ниска калориска вредност. Се подготвува релативно брзо и многу лесно.

Потребни состојки:
• 2 супени лажици маслиново масло
• 250 гр црвена леќа, убаво измиена
• 1/2 црвен кромид, исечен на парчиња
• 2-3 чешниња лук, иситнет
• 1/2 конзерва варен домат или 250 мл доматно пире
• 3 моркови, исечени на парчиња
• 1 кафена лажица ким
• 1 кафена лажица куркума
• 1 кафена лажица буковка (може да биде комбинација на блага и лута, по вкус)
• 1/4 кафена лажица цимет
• 1 коцка супа од зеленчук, растворена во топла вода
• сол и бибер, по вкус

Приготвување:
• Загрејте ги двете лажици маслиново масло и во нив ставете ги да се динстаат кромидот и лукот. Кога ќе омекнат додадете ги зачините и динстајте ја смесата уште малку. На тоа додадете ги морковите и динстајте ги додека и тие не омекнат, околу 10-15 минути. По потреба додавајте од растворената супа.

• Додадете ги доматите, леќата и остатокот од супата, промешајте и оставете ја чорбата да се вари на тивок оган околу 20 минути, или додека не омекне и леќата.

• Иако чорбата може да се јаде веќе кога ќе се зготви и леќата, целосниот рецепт бара да ја изблендирате додека смесата да стане кремаста. Овој чекор зависи од вас.

При сервирањето можете да додадете свеж коријандер, уште буковка и сок од лимон. А овој рецепт можете да го комбинирате со некаква салата, со наан леб или било каква погача и хумус, а можете и да додадете наут или кускус во самата чорба.

Слични објави

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Еспресо

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.

„Немаше финансии да ме поддржи, но ме туркаше напред“: Ивона Јо со нераскажана приказна за покојниот татко

Еспресо
Се вчитува....