15:18 - 8 ноември, 2026

(Фото) Новиот портрет на Кејт Мидлтон ги „запали“ социјалните мрежи: „Се шегувате? Па, ова дете го цртало!“

Не помина долго време откако беше откриен нов портрет на кралот Чарлс, а веќе е откриен уште еден портрет на омилниот член на британското кралското семејсто, кој предизвика негативни реакции.

Имено, списанието „Татлер“ објави насловна страница со портрет на принцезата Кејт Мидлтон за да ѝ „оддаде почит на нејзината храброст“, два месеци откако таа во видео објави дека боледува од рак.

Портретот го насликал британско-замбиската сликарка Хана Узор, која користела различни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс.

– Насловната го комплетира кралскиот триптих со нов портрет – наведе магазинот.

Сепак, не сите се воодушевени од портретот на саканата принцеза.

„Значи се шегувате? Па, таа воопшто не изгледа така!“; „Ова изгледа како дете да го нацртало“; „Кој ти дал толку страшен портрет?“; „Ајде, ова е страшно! Не, извинете, добро е за седумгодишно дете!“, биле дел од гневните коментатори.

Обожавателите на британското кралско семејство пред неколку дена се налутија и на новиот портрет на кралот Чарлс, поради светло-црвената боја која доминира на портретот.

„Извинете, но изгледа како да излегува од пеколот“, е еден од многуте коментари на тој портрет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tatler (@tatlermagazine)

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....