20:52 - 7 ноември, 2026

Џастин Тимберлејк прозборе за ноќта што му го разниша бракот: Испив премногу таа ноќ!

Џастин Тимберлејк е во долгогодишен брак со Џесика Биел, но гласините за неговото неверство почнаа кон крајот на минатиот месец, кога се појавија фотографии како Џастин се држи за рака со неговата колешка од сетот, Алиша Веинврајт.

Џастин се огласи по повод гласините за наводната прељуба.

„Отсекогаш избегнував трачеви, но овојпат морам да прозборам, поради моето семејство. Не можам да молчам, бидејќи гледам дека ова влијаеше на луѓето кои ги сакам. Пред неколку дена бев на мета на критиката, но сега сакам јавно да кажам – меѓу мене и колешката ништо не се случи. Испив премногу таа ноќ и не сум горд на своето однесување. Требаше подобро да постапам“, напиша Џастин на социјалните мрежи.

Џесика исто така не ги коментираше гласините, а Џастин јавно ѝ се извини поради сè.

„Такво однесување не е добар пример што сакам да му го пренесам на син ми. Сакам да ѝ се извинам на сопругата и на семејството, поради сè што им приредив. Сега се фокусирам да станам уште подобар сопруг и татко“, рекол Тимберлејк.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....