24.8 C
Скопје
18:14 - 5 мај, 2024

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ТАРТ ОД ТИКВА: Уживајте во мирисот на есента!

наташа мустафа

На голема радост на сите вас – почнавме уште една прекрасна соработка со готвачка за која готвењето е уметност – Наташа Мустафа.

Оваа врвна креативка во кујна своите маестрални рецепти ги објавува на својот инстаграм-профил, а сега вкусните рецепти ги доближуваме и до вас!

(РЕЦЕПТ) НАТАША НИ НАПРАВИ ЌОФТЕНЦА ВО ДОМАТЕН СОС: Оброк што ќе ве прегрне!

„ЉУБОВТА КОН ГОТВЕЊЕТО ЈА НАСЛЕДИВ ОД ДВЕ ПРЕКРАСНИ ЖЕНИ, ИЗВОНРЕДНИ ВО КУЈНА, МАЈКА МИ ЗОРЕ И БАБА МИ РАДА. ГОТВЕЊЕТО МЕ ОПУШТА И ПРЕКУ НЕГО ЈА ИЗРАЗУВАМ МОЈАТА КРЕАТИВНОСТ. ГОТВАМ, СЕРВИРАМ, ФОТОГРАФИРАМ.ТОА Е МОЈ НАЧИН ДА ЈА РАСКАЖАМ ПРИКАЗНАТА И ПРЕНЕСАМ ПОРАКАТА ДЕКА ГОТВЕЊЕТО Е УМЕТНОСТ“, НИ ОТКРИВА НАШАТА ДРАГА НАТАША.

Денес, Наташа ни направи тарт од тиква. Уживајте во мирисот на есента, мирисот на тарт од тиква

Потребни состојки:

За тестото:

  • 220 грама брашно
  • 100 грама путер
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1 јајце

За кремот:

  • 500 гр тиква
  • 500 мл млеко
  • 180 гр жолт шеќер
  • цимет
  • ванила
  • мускатно оревче
  • 3 јајца

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Наташа М. (@natasaemil)

Начин на подготовка:

Во сад се става брашното, а потоа се додаваат шеќерот во прав, прстофат сол и путерот исецкан на коцки. Сето тоа се меси рачно се додека не се создаде компактна смеса, односно додека тестото добие изглед на издробени ронки.  Во смесата се додава едно јајце. По потреба се додава вода, па тестото се меси и се обликува во топка. Се завиткува во проѕирна фолија и се става во фрижидер да отстои 1 час.

Во меѓувреме се подготвува кремот.Тиквата се чисти, се сече на коцки и се вари во тенџере со вода на тивок оган околу 15 мин. Се процедува, се додаваат млекото, шеќерот, зачините и јајцата. Состојките се бледнираат заедно и се добива крем со фина текстура.

На штица посипана со брашно се расучува тестото на дебелина од половина сантиметар и со малку поголема ширина од големината на садот за печење. Потоа тестото се префрла во сад за печење тарт, а вишокот се отстранува. Тестото се боде со виљушка на дното и во него се става кремот од тиквата.Се става во загреана рерна и се пече еден час на 180 степени.

Слични објави

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо

„Црна низа“ денови: Судбината ќе ја тестира силата на два хороскопски знаци

еспресо

Кејт Мидлтон е подготвена да ѝ прости на Меган Маркл: „Нивните деца се во никакви односи“

еспресо
Се вчитува....