23:20 - 7 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИЊА ОД 3 СОСТОЈКИ: Готови за 15 минути!

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ИНТЕГРАЛНО ЛЕПЧЕ СО СЕМКИ: Уживајте во секое залче!

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи чоколадни колачиња од 3 состојки.

„Вкусни, брзи и ептен лесни за правење. Кога ви се јаде нешто благо, а сакате тоа да е готово за 15 минути ова ви е супер идеја“, вели Мартина.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ БОМБИЦИ ОД ТИКВА: Превкусни се, а одземаат само неколку минутки за подготовка

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 100-120 гр брашно
  • 200 гр еурокрем

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Измешајте ги состојките и по потреба додадете брашно. Замесете меко тесто кое може директно да го оформите или да го ставите во фрижидер, па да ги направите по неколку часа или наредниот ден. Од тестото направете топчиња кои потоа ќе ги натапкате и оформите со вдлабнатина на средина. Печете ги во загреана рерна на 200-220 степени околу 15тина минути или проверете зависно од рерната. Оставете ги да се изладат па ставете им еурокрем одозгора.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....