1.8 C
Скопје
03:44 - 27 октомври, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) МАЈКА НА ДВЕ ДЕЦА ИНСПИРИРА: Бебињата не го уништуваат телото

Емили Скај

Фитнес тренерката и инфлуенсерка Емили Скај вложува многу труд и постојано работи на нејзиниот физички изглед. Редовно им покажува на мајките дека бременоста не мора да остави трајна трага на нивната линија.

Тоа го направи и со нејзината најнова објава на „Инстаграм“, во која ја спореди својата линија три месеци по породувањето и една година подоцна.

„Многу од вас велат дека не можат, но јас велам дека можам и сакам. Велат дека телото е уништено по породувањето, но јас велам дека не е, едноставно е поинаку. Пред да родам, понекогаш знаеја да ми кажат дека ќе видам како ќе изгледам кога ќе родам бебе, а јас им велев дека едвај чекам“, напиша Скај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Skye (@emilyskyefit)

Емили посветено ја следела својата фитнес рутина и внимавала на исхраната, па нејзините резултати се повеќе од видливи.

„Бебињата не го уништуваат вашето тело – тоа можеби е поразлично, но сепак е неверојатно, убаво и моќно“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Skye (@emilyskyefit)

Не брзала да се врати во форма па ѝ трабло една година и многу труд, но како што вели, сега се чувствува подобро од било кога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Skye (@emilyskyefit)

Скај е мајка на две деца, а како тинејџерка се борела со депресија и нарушување во исхраната.

„Не ми се допаѓаше како изгледам и го мразев своето тело. Имам ќерка и не сакам никогаш да ги доживее тие чувства. Подобра сум и се прифаќам себеси. Тоа не значи дека кога се гледам во огледалото не го забележувам целулитот, но потоа само се потсетувам низ што сум поминала“, изјави таа во една прилика.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....