16:01 - 9 ноември, 2026

(Фото) Тамара и Лука се врзаа засекогаш, оваа слика откри важен детаљ за нивната љубов

Неодамна,  поп-пејачката Тамара Тодевска на Инстаграм објави дека таа и нејзиниот сакан, архитектот Лука Радовиќ прославиле две години откако се во врска. По разводот со Александар Димитровски- Мачка, поранешниот кошаркар со кој има две деца, Тамара е среќно вљубена во Лука.

Тие беа на заеднички одмор во Турција, а според сликите што Тамара ги објавуваше, Лука заедно со неа се потрудил Хана и Дарен да имаат незаборавен одмор. И на јавни настани, Тодевска се појавува со Лука и со децата, и личи дека се доста блиски.

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

„Спонтаноста, едноставноста, позитивната енергија се секогаш особините што ме привлекувале Лука е многу внимателен и посветен. Оттука, јасно е зошто добро функционираме.  Немам проблем да покажам кога сум вљубена и кога некого сакам безусловно. Тоа колку е добро, толку е и лошо. Затоа што на „тацна“ ставам дел од мојата приватност, од мојата интима, но тоа сум јас“, изјави Тамара за „Слободен печат“ минатата година и додаде дека е секогаш искрена, директна и отворена кон сите.

„Немам големо его и свесна сум дека светот не се врти околу мене. Тешко дека би се променила во иднина. И ова не е само на љубовен план туку буквално и во другите сегменти од животот“, рече Тамара.

Сега таа објави една романтична форографија на која не се таа и Лука, но сликата има голема симболика и сведочи за нивната љубов. Фотографијата е од плажа и е црно-бела, а Тамара го означила Лука на неа.

Она што е специфично за сликата се двете јажиња врзани едно врз друго, што ја означува поврзаноста на пејачката и архитектот.

Тамара и Лука уживаа на романтичен викенд (Фото: Инстаграм)

 

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....