17.8 C
Скопје
13:29 - 26 април, 2024

Во екот на коронавирусот Џулија Робертс го исфрли сопругот на улица

Актерката Џулија Робертс и нејзиниот сопруг – снимателот Даниел Модер повторно се најдоа во проблеми.

Имено, како што пренесува „New Idea“ до крах на овој брак сепак дошло и Џулија одлучила да ја продаде луксузната вила во која во моментов живеат.

„Да, живеат во вилата, но таа не е доволно голема за да не се сретнуваат, и понатака се караат и си делат тешки навреди“, изјави неименуван извор за наведениот медиум.

Истиот извор, близок до ова семејство, тврди дека сопружниците, по бројните гласини за разводот, одлучиле да дадат се од себе и да поработат на својот однос. Меѓутоа се случило спротивното.

Како една од најголемите причини за несогласувањата се наведува и фактот дека Џулија и Даниел никако не можат да се согласат околу тоа каде да живеат. Актерката сака времето со семејството да го поминува на локација Сан Франциско – Њу Мексико, додека тој е задоволен во Лос Анџелес.

Џулија затоа одлучи да купи куќа во Сан Франциско, а оваа во која живее и која всушност е нејзина, да ја продаде.

„Таа одлучи, а Даниел немаше многу избор, го исфрли“, заклучи изворот.

Слични објави

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо
Се вчитува....