15:36 - 8 ноември, 2026

Том Џонс: Кога сум се родил ме прогласиле за мртов, а мојата баба ме оживеала со канта ладна вода

Легендарниот британски пејач Том Џонс денес го слави 80-от роденден, па токму поради тоа цела недела „BBC Radio 2“ емитуваше приказни за него и неговата работа досега.

Тој дури и гостуваше во програмата, а во една прилика откри и некои интересни детали од своето детство.

Џонс раскажа дека по раѓањето тој бил прогласен за мртов.

„Не сум испуштил ниту глас, не сум заплакал, па медицинскиот персонал мислел дека сум мртвородено дете. Бабицата и рекла на мајка ми: „Жал ми е, детето не дише. За среќа, тука била мојата баба. Таа веднаш донела канта полна со ладна вода и ме потопила во неа… Нормално, веднаш сум вреснал. Баба ми буквално ме оживеала“, изјавил тој.

profimedia

Освен за инцидентот при раѓањето, Том Џонс на публиката и раскажа уште многу нешта за животот, па така тој се присети и на онлајн концертот „One World: Together At Home”, но и на своето тешко детство во Велс, кога тој заболел од туберкулоза, па морал полни две недели да биде изолиран во домот, а тоа за среќа поминало без дополнителни последици по неговиот живот.

Во една прилика тој изјавил дека стареењето на му пречи и дека ќе пее се дури има здив.
„Не ми пречи што стареам, затоа што имам неверојатни сеќавања“, изјави велшката музичка легенда.

профимедиа

Џонс ја почнал музичката кариера со серија хитови во средина на 1960-те, уживаше почит од Елвис Присли и Френк Синатра и низ децениите постојано одново се откриваше себеси, пробувајќи се во разни музички стилови, од поп и рок преку кантри, госпел, соул и блуз до електронска и денс музика.

Среќен 80-ти роденден Том Џонс.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....