12.8 C
Скопје
00:22 - 5 мај, 2024

Ахмети без заштитни средства

Кој е проблемот на ДУИ?

Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да ги бојкотира изборите во јули, целата изборна конструкција за ДУИ станува напната и со многу лоша прогноза за нивните шанси да бидат главниот коалициски партнер во следната влада на СДСМ. Не само затоа што, со евентуален бојкот на ВМРО, СДСМ би имал доволно освоени пратенички места комотно да одлучува за тоа со кого НЕМА да ја прави идната владејачка коалиција, туку и затоа што конкурентските албански партии на ДУИ се доволно силни на теренот за овој пат, реално, да освојат исто толку пратенички места, а можеби и многу повеќе изборни гласови од самата ДУИ.

Тоа се два сериозни проблеми за Али Ахмети. Како да се предупреди таков можен развој на настаните?

ДУИ цврсто стои на позицијата дека избори во јули треба да има. Тие не се во ситуација отворено да го поддржат евентуалниот изборен бојкот на ВМРО, не само затоа што за тоа не наидуваат на никаква поддршка кај меѓународниот фактор (патем, тој фактор и на ВМРО му вели дека им е тоа, отприлика, најглупавата идеја на која можеле да се сетат!), туку и затоа што таквиот развој на настаните само би им ги намалило шансите за успех, кога и да се случат изборите. ДУИ е свесна дека нивното „паразитирање“ на политичката сцена во Македонија доживува сè помала изборна поддршка кај гласачите – далеку се од 2014 година кога освоија 19 пратенички мандати, а сега би биле веројатно задоволни кога би го повториле изборниот резултат со освени 10 пратеници во 2016. Експеримент за ново предизборно, макар и имплицитно коалицирање со ВМРО, ќе им ја „експлодира“ лабораторијата на партиските мешетарења во која сите изминати дваесетина години произведуваат злато од топење политичка ламарина.

Затоа е изборниот „проект“ на ДУИ за „Премиер Албанец!“ вешто смислен наратив за низа продуктивни демагогии: ем е доволно националистички за да имаат што предизборно повторно да „гуслаат“; ем е идеален „идентитетски“ притисок врз конкурентите од албанскиот политички блок; ем е причина за затегање на односите со СДСМ, за сметка на авансирање на ВМРО, што им ги остава сите опции за пазарење отворени! Дури, на крајот, и тие да се придружат на изборниот бојкот со ВМРО, поради „принципи“, не од нужда.

Оти, во македонската политика сите се пазарат без употреба на средства за дезинфекција, ама ДУИ може мастер-класови на таа тема да им држи на другите, бидејќи во таа трка кон дното, моралните, идеолошките, безбедносните, бизнис и политичките репери секогаш се подготвени да ги спуштат подолу од кој било друг на „пазарот“.

А, може ли Македонија да има премиер од етничко албанско потекло?

Зошто да не?! Премиерите се „производ“ на партискиот распоред и коалицирањето во Собранието, заради што се оди на избори. Доколку ДУИ успее да создаде таква мнозинска коалиција која би поддржала такво решение, Македонија ќе има премиер Албанец или каков било друг (на пример, од Струмица!), што се однесува до тоа. Лично познавам барем неколкумина Албанци од чии интелектуални и политички капацитети не би се посрамотила ниту една идна влада во државава.

Само што, како што стојат работите, ако некому му е важно премиерот да му биде Албанец, побрзо ќе треба да гласа за СДСМ, отколку за ДУИ на изборите. За почеток, за ДУИ ќе беше добро идејата „Една држава за сите“ да не ја протолкуваа, а потоа и да ја одработуваа како „Една држава за ДУИ“. За сега, „Една држава за сите“ е единствената „жива“ опција за тоа да не биде важно од која етничка група доаѓаат највисоките функционери во државава, а ДУИ направи сè таа идеја да ја прогласи за „мртва при пораѓање“.

Македонија, впрочем, може да има и вселенска програма, здушно да не се договореа Ахмети и Груевски да имаме „Скопје 2014“… Сè е прашање на приоритетите. Тогаш на Ахмети не му беше важно да има Албанец ни за претседател на Собранието, а направи сè што можеше, вешто, да го реизбере и Иванов за претседател на државата.

Злобниците би рекле дека е можеби дојдено време за нов „премиер“ во ДУИ? За почеток, некој што зборува македонски, колку да ја поттикнеме идејава за „Премиер Албанец“?

The post Ахмети без заштитни средства appeared first on Слободен печат.


Ахмети без заштитни средства was first posted on јуни 8, 2020 at 6:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....