17.6 C
Скопје
04:45 - 21 јуни, 2026

ШТО ЈАДЕ КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Поранешен готвач во Балморал открива кои се нејзините вкусни задоволства

кралица елизабета

Како што многумина претпоставуваат, британската кралица Елизабета претпочита да се храни исклучително здраво, особено во летните денови. Нејзиното мени најчесто вклучувало богати мешани салати, свежо уловена риба и сезонски додатоци од зеленчук.

Според сите нејзини готвачи, во Балморал, каде што обично го поминува летниот период, кралицата Елизабета се обидувала да ги намали јаглехидратите на минимум, претпочитајќи печено пилешко или риба со прилог со сезонски зеленчук, пренесува магазинот „Пипл“.

Салатите се свети за неа

Велат дека кралицата Елизабета еднаш нашла полжав во салата и му го испратила на својот готвач со порака: – Го најдов ова во салата, дали би го изеле вие?

Дарен МекГрејди, поранешниот готвач на кралицата, открива дека таа обожава овошје и дека секогаш кога оди на прошетка си носи со себе ужина во пластичен сад.

Од време на време за појадок јадела риба. Како што вели тој, кралицата ужива во пушена харинга со спанаќ, со шолја чај. Потоа, за ручек, лосос со прилог од разновиден зеленчук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Сепак, не ги избегнува малите слатки задоволства. Покрај неизбежното чоколадо, британската кралица сака да јаде летен пудинг, десерт направен од застоен леб и бобинки, кои често ги собира самата за време на своите прошетки во градините на Балморал, за што ѝ помагале и нејзините правнуци Џорџ и Шарлот.

Нејзиниот син Чарлс бил исто така голем љубител Балморал и сакал да го јаде она што го собира во природа, па затоа за време на одморот во Шкотска често собирал диви печурки, а во Хајгров бере сливи, кои подоцна ги печел во рерна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Вистинскиот ритуал во кралското семејство бил вечерниот пијалок, а тука вкусовите се различни.

Имено, омилен пијалок на кралицата е коктелот „Дубон“ со џин. Нејзините коктел мајстори ја откриваат тајната за тоа како го прават. Една третина џин и две третини „Дубон“, аперитив на база на вино, потоа парче лимон и две коцки мраз во чаша, внимавајќи формата на мразот да биде што е можно поквадратна и да не се стопи брзо.

Според изворите, британското кралско семејство пие, умерено, но и доста силно! За тоа бил сведок и поранешниот британски премиер Тони Блер, кога гостувал во Балморал со сопругата Чери. Тој ги дефинирал коктелите што се служеле таму како „гориво за ракети“.

Слични објави

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо
Се вчитува....