16.8 C
Скопје
18:43 - 28 март, 2024

Што е тоа што никако не смеете да им го кажете на хороскопските знаци?

Секој хороскопски знак има работи кои не сака да ги слушне од соговорникот. Прочитајте на кој знак никогаш не треба да му побарате пари, пред кого не треба да се фалите, а кој задолжително ќе ви ги улови сите граматички грешки.

Овен – Не прифаќа да биде оставен на чекање во ниедна варијанта. Заради неговата импулсивност и карактерот, не може да сфати што е поважно од она што тој го прави. Затоа „почекај“ не е нешто што треба да го користите во разговор со Овни.

Бик – Не сака фалбаџии, бидејќи ни самиот не е таков, а уште ако се работи за некој кој нема покритие за своите фалби, тоа е исто како да сте му замавнале со црвена ткаенина пред нос. Нервозата почнува му расте и експлозијата се ближи со секој нов збор.

Близнаци – Многу зборуваат и очекуваат од околината тоа да го сфати и прифати. Затоа, да замолите Близнак да замолчи е отприлика исто како да сте го испцуле со сите можни пцовки кои ги знаете. Затоа, обидете се да бидете тактични во разговорот со припадниците на овој знак.

Рак – Не сака кога некој си го пика носот во неговата работа и притоа е нападен. Без разлика на фактот дека суетата не му е јака страна, ова ќе му засмета исто колку ако се обидете да ги смените плановите кои тој ги направил.

Лав – Лавот е суетен, тоа веројатно сите го знаат, па ако му кажете дека нешто подобро би му стоело на некој друг, е најголемата можна навреда за него. Ако не можете да го пофалите неговиот изглед, подобро ви е да молчите, бидејќи секоја погрешна забелешка може да предизвика сериозни проблеми.

Девица – Таа ќе полуди на секоја граматичка грешка кај соговорникот, а тоа се однесува и на зборувањето на дијалект. Педантни и организирани, нив лесно може да ги погоди и ако некој одбие да ги сослуша.

Вага – Таа е своеглава, а музиката и е се во животот, па кога ќе ја пушти нејзината омилена песна, најлошата работа е да ја замолите да намали. Подобро би ви било да ја мавнете со прачка по глава отколку да барате таква луда работа.

Скорпија – Својата импулсивност најдобро ја покажува кога ќе се најде соочена со ултиматум – нема шанси тоа да ви пројде кај неа, па дури и ако таа притоа го уништи светот. Исто така, не и годи се што би можело да укажува на тоа дека е заменлива.

Стрелец – Може да слуша три дена без прекин ако треба, но не некого кој се жали и мисли дека цел свет е против него. Пасивниот пристап кон животот им го дига притисокот до небо, така што немојте да се обраќате кај Стрелец ако ви треба рамо за плачење.

Јарец – Може да истрпи се и сешто, но кога ќе го споменете неговиот паричник и можноста за позајмување од него, тука на приказната ѝ доаѓа крај. Нив позајмувањето едноставно ги јаде однатре, па немојте ни да се обидувате, полесно ќе добиете пари од ММФ одошто од Јарец.

Водолија – Во принцип таа не размислува многу за тоа што другите мислат за неа, но може да ја заболи ако и кажете дека нејзината идеја е глупава. Уште полошо ќе реагира ако ѝ кажете дека нешто не разбира.

Риби – Осетливи душички кои секој лош збор ги погодува. Затоа, не е паметно да им поминете на кафе и да започнете муабет од типот „Знаеш што слушнав дека збореле за тебе…“ Тоа многу ќе ги погоди, а лошо примаат и изјави дека нешто не можат да направат или научат.

Слични објави

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо
Се вчитува....