14.8 C
Скопје
22:18 - 2 мај, 2024

(ФОТО) Од МИЛИОНИ до ПИТАЧКИ СТАП: Настасија се дружела со Мадона, Џек Николсон, Полански, а сега со улицата!

Настасија Урбано во осумдесетите години на минатиот век беше познат супермодел кој ги красеше насловните страници на еден од најпрестижните модни магазини, а своевремено беше и заштитно лице на парфемот Опиум на модната куќа Ив Сен Лорен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rick_hatz (@richard.hartz)

Покрај тоа, Урбано ја предводеше и модната кампања заедно со супермоделите како што е Линда Евангелиста. Иако на врвот од својата кариера заработувала милиони долари годишно, сега е бездомничка и живее на улиците на Барселона.

„Работев со сите можни магазини. Добивав милиони долари годишно за вкупно 20 дена работа и така три до четири години. Една вечер вечерав со Џек Николсон, друга со Енди Вархол, трета со Роман Полански“, рекла Урбано.

„Требаше да одам на венчавката на Мадона и Шон Пен, бидејќи моето тогашно момче Дејвид Кит беше поканетo, меѓутоа толку многу се напивме што тој ден не можевме да се разбудиме на време. Имав сè што ќе посакав, живеев како кралица“, се потсетува Урбано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nastasia Urbano Garrido (@nurbano518)

Меѓутоа, целиот нејзин живот се променил кога се запозна со својот поранешен сопруг и таткото на нејзините деца.

„Во целост го финансирав нашиот живот, а тој ме остави само во гардеробата која ја имав на себе. Ги трошеше моите пари, а само два дена после нашата свадба ми побара да му купам ново BMW и јас како секоја заљубена жена го направив тоа. Единствената добра работа која произлезе од тој брак беа нашите деца“, објасни Урбано.

Настасија денес страда од депресија и живее на улиците на Барселона, бидејќи нема доволно пари да си обезбеди стан.

„Сакам да живеам, а не да преживувам. Уморна сум од преживување и барање пари. Сите луѓе околу мене си заминаа. Најголемата желба ми е да се опоравам. Да видат децата дека сум добро. Сакам да бидат горди на мене“, објасни Урбано.

Настасија својата кариера како модел ја започна во Барселона и беше врвен модел за кампањите на светските брендови како Ревлон и Ив Сен Лорен.

Откако слушнале за нејзината моментална состојба, група на поранешни колеги одлучиле да направат сè што можат за повторно да застане на нозе.

„Нејзината ситуација ме остави во шок. Никој не го очекуваше тоа. Ние бевме на ниво на принцези, а таа на ниво на божица“, рекла Рут Шулер и додаде дека на неа се сеќава како интровертна личност, многу убава и великодушна кон другите.

Уште еден поранешен модел Хернандо Ерера рекол дека Урбано може уште многу да му даде на модниот свет и додаде дека е подготвен да разговара со фотографи и агенции со цел повторно да работи.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....